fbpx

ВЕСТИ

Бидете во тек со сите новости и информации

Блог

Кратка историја на хот догот

Кратка историја на хот догот

Хот догот може да биде замотан во крцкава сланина, прелиен со топен чедар, потопен во кечап и сенф, покриен со кисели краставички и крцкав чипс од кромид; без разлика на додатоците кои ќе ги одберете, едно е сигурно – нема човек на планетава кој би одолеал на овој вкусен деликатес! Денес хот догот го поврзуваме со Америка и американскиот начин на живот, но оваа популарна храна потекнува од многу пред Колумбо да заплови кон новиот свет.

Почетоците на виршлата датираат некаде 7-от век пред новата ера, како што е споменато во Хомеровата Одисеја, но некои историчари веруваат дека првиот колбас/виршла бил подготвен дури во 1-от век од новата ера. Легендата вели дека готвачот на Императорот Неро, Гајус засекол едно печено прасе кое не било добро исчистено, па цревцата испаднале надвор. Тој бил воодушевен од неговото откритие и ги наполнил со мелено месо и зачини. Во текот на наредните години колбасите/виршлите патувале низ Европа, стигнале до Германија која што го присвоила хот догот како свој национален деликатес.

Франкфурт и Виена го присвојуваат како сопствена креација, несомнено хот догот завзема централен дел во германскиот динамичен лајфстајл. Но, да бидеме искрени, да не беше Америка, хот догот немаше да биде тоа што е денес.

Знаете ли како хот догот од Германија стигнал до Америка?

mr hot dog

Хот дог штанд | Public Domain/WikiCommons | Хот дог во Прага | © Ashley Deason/Flickr | Мозаик на кој е претставен банкет за време на лов – Вила Романа дел Касале во Сицилија | © Jerzy Strzelecki/WikiCommons

Во 1800-те, многу германски имигранти се преселија во Новиот Свет, носејќи ги со себе своите кулинарски обичаи. Се верува дека првиот хот дог бил продаден од хот дог количка во Њујорк, од страна на германски имигрант, некаде во 1860-та. Околку 1870-те, Чарлс Фелтман, исто така германски имигрант, го отвори првиот хот дог штанд на Кони Ајленд. Продал околу 3 600 франкфуртери (во лепче) таа година. Во 1880, продавач на колбаси кој им давал на муштериите бели ракавици за да не се изгорат, останал без ракавици, па наместо тоа, почнал да ги служи топлите колбаси во лепче. До крајот на 1893 година, хот догот станал омилен оброк за време на безбол натпреварите. Некои веруваат дека за овој “бум”, најзаслужен е Крис вон де Ахе, сопственикот на Ст. Луис Браунс и локален бар, кој за прв пат понуди хот дог во комбинација со точено пиво; други пак, тврдат дека најзаслужен за популаризирањето на хот догот е Хари Стивенс, концесионерот на безбол стадионот на Њујорк Џајантс, кои всушност го популаризираа овој оброк за време на натпреварите.

Познатиот Нејтан

mr hot dog

Нејтан Хандверкер го отвора првиот хот дог штанд, 1916 | © Nathan’s Famous

Во 1916, Нејтан Хандверкер, полски имигрант, претходно вработен во Фелтман, отворил свој хот дог штанд, каде продавал хот дог по половина од цената на тогаш главниот конкурент – Фелтман. Со тек на време, Фелтман бил присилен да го затвори својот дуќан. До крајот на 1920-те, Познатиот Нејтан (ориг: Nathan’s Famous), стана баш тоа, многу познат! Хот догот на Нејтан се прослави низ цела Америка. Зборот хот дог за брзо се проширил од истокот од западот, завземајќи го своето место во американската култура: од собиранки со пријатели, национални прослави (4 Јули), дури влегол и во менито на Белата Куќа во 1939 година. Поводот за првата посета на англискиот крал Џорџ VI и неговата сопруга кралицата Елизабета на Америка бил проблемот со нацистите. Франклин Рузвелт и Првата дама Елеонор одлучиле да направат пикник и да служат хот дог. Кралицата зачудена бидејќи никогаш не видела хот дог претходно, прашала “Како се јаде ова?”